Психологија на вкусот: Што кажува вашата омилена храна за вас ?

Исто како вашата омилена боја, омилените филмови и музика, желбата за солен чипс, лутите пиперки, киселите цитруси и вкусни колачи е тесно поврзана со личноста, тврди американскиот невролог д-р Алан Р. Хирш во својата книга “Кој е вкусот на вашиот карактер?”.

psihologija 2

Во текот на 25 години, следејќи 18.000 испитаници, тој направил над  200 истражувања за сетилата и невролошките реакции на  сигналите на вкус, па сфатил дека засилување на специфичниот вкус и мирис влијаат на навиките на јадење,расположение, перцепција, па дури и на брзината со која учиме. Онака како што мирисот од детството може да ве  врати назад во времето додека сте играле на тревникот, така и вашиот најомилен мирис може да ги открие скриените механизми на карактерот.

На пример, љубителите на зачинета храна се перфекционисти, строги се и ригидни, а во друштво се помалку пријатни од гурманите. Важни им се деталите, сакаат ред и беспрекорна организација. Облеката во нивните плакари е уредно сложена, па дури и просторите помеѓу закачалките се скоро исти.

Повеќето љубители на зачинетите закуски се вистински „изроди“ кога станува збор за контролата,па секое нивно нарушување во нивниот совршено уреден свет буквално ги излудува. Од такт ги вади и губењето на време, а со тоа мисли и на дружење со луѓе кои не им се важни за нив. Но, љубителите на лутото се и трагачи по сензации, нови искуства и возбуда, па со задоволство експериментираат со нови зачини. Надарени се со мошне нагласено чувство за мирис и вкус,а можат со врвна прецизност на дегустатор да ги препознае зачините во храната. И љубителите на лутите вкусови постојано трагаат по нови возбудувања и уживаат во екстремните спортови. Тие повеќе преферираат кокетирање и флертување отколку љубителите на благи вкусови. Се претпоставува дека капсаицинот, соединение кое на фефероните им дава лутина, ја охрабрува страста за адреналин и желба за опасен живот на работ. Љубителите на лути пиперки подобро се прилагодуваат на промените, бидејќи тие ја сакаат возбудата која им ја носи новото искуство.

psihologija 4

Педантните грицкаат

Љубителите на крцкавото очекуваат многу од себеси, сакаат точност, па затоа се прецизни. Енергични се, забавни и полни со ентузијазам.

Само десет проценти од се должи на непцето, а другите 90 проценти на приемниците на мирис, кои се важни за емоциите. На пример, мирисот на розовиот грејпфрут влијае на перцепцијата, така што поради него жената ќе биде попривлечна и ќе изгледа шест години помлада. Мирисот на чили- пиперка ја зголемува сексуалната желба, а мирисни афродизијаци се и нане и јасмин, но само ако ги користите во помали количини. Ќе му бидете попривлечни на спротивниот пол со смеса од ванила и цимет. Мажите ги возбудува и мирисот на лаванда и пита од тиква, а двата пола се сексуално загреани со мирисот на краставици или торта со банани и јаткасти плодови.

Љубителите на слатки сакаат да бидат забележани и ценети. Тие сакаат да се чувствуваат посебно, но и кога другите ги чувствуваат посебни. Тие сакаат добро да си поминат, сакаат авантури и опасности, но да се впуштаат во потфати за кои повеќето немаат храброст и нерви. Кон себе се попустливи, си угодуваат себеси и сметаат дека за нив ништо не е премногу добро или премногу скапи. Нивното мото е: „Претпочитам да жалам за нешто што сум го направил, отколку за нешто што сум пропуштил.”

Љубителите на чоколадата се шармантни и симпатични. Иако уживаат во интимноста и романтиката, во љубовта често премногу драматизираат, што ги прави емоционално ранливи. Повеќе се потпираат на интуиција отколку на логика. Љубители на чоколада се често токму спротивното на полот – тоа се по правило „мачо” мажи и многу женствени жени. Но, за разлика од социјалните љубители на темно чоколадо, кои се срцето на забавата, љубителите на млечната чоколада често се интровертни и претпочитаат добра книга. Тивки се, па околината често погрешно ги сфаќа како срамежливи.

psihologija 3

Оние на кои на непцето најомилени им се солените вкусови веруваат во судбина. Тие сметаат дека имаат мала или никаква контрола врз нивните животи. Тие се убедени дека сè се случува во сценарио кој е “запишан во ѕвездите” и дека на судбината не може да биде значително да се влијае. Кога ќе направат нешто добро, љубителите на солено посакуваат  малку награда и знак на благодарност.

Д-р Хирш дошол до заклучок дека љубителите на чипс се амбициозни, со натпреварувачки дух и се достојни противници на конкурентите. Ги фрустрираат непријатности, како што се сообраќајниот метеж или долгите редици на шалтерите. Без разлика дали се на излет или во автомобил, „солените вљубеници“ се секогаш во брзање. Ако ви се допаѓа солено, можно е да припаѓате на „супертестерите” кои ја сочинуваат една четвртина од населението. На љубителите на супервкусот не им се допаѓа горчлива храна или храна со јак вкус, но истражувањето покажало дека нивното непце сака сол, бидејќи како што сметаат експертите, натриумот ја ублажува горчината во храна. Љубителите на тестенини, леб и други јаглени хидрати по природа се многу сериозни, внимателни и претпазливи и не сакаат промени и ризик.

Љубителите на горчливиот вкус се пребирливи и често имаат аверзија кон киселата храна. Оние кои повеќе сакаат кисело се многу потолерантни на екстремни вкусови, поотворени за испробување нови јадења и проширување на хоризонти и померување на границите.

Оние кои сакаат лути зачини – црвена пиперка, кари и чили, храбро преземаат одговорност, се борат за она што тие го сакаат и отворено кажуваат што мислат. Љубителите на горчливите зачини, лук, каранфилче и шафран се вистински пријатели и силни поддржувачи на она во што тие веруваат. Додавањето на кора од лимон, рузмарин, мајчина душица ги издава социјализираните, духовитите луѓе кои се полни со енергија и се омилени во општеството. Љубителите на магдонос и цимет се мирољубиви и внимателни кон другите. Каде и да се наоѓаат, добро ќе се вклопат. Оние кои сакаат јадењето да го зачинат со кромид, семе од целер и оцет се креативни, а не ја сакаат рутината и веруваат во себе.

Солениот чипс со чоколада им се допаѓа на интровертните луѓе кои имаат тенденција на осаменост кои ја чуваат приватноста. Љубителите на слаткото и соленото се интелигентни и креативни, но немаат трпение со луѓе. Страста за егзотични вкусови ги обележува флексибилните луѓе кои се отворени за нови искуства. Лежерни се, па така и храната им е авантура. Освежувачкиот мирис на цитрусот ги привлекува нервозните луѓе. Желбата за овошјето може да значи потсвесна загриженост за здравјето.