САКАТЕ ДА ОСЛАБЕТЕ? ЈАДЕТЕ ПРЕД ОГЛЕДАЛО!

По сите долги истражувања на крај излегува дека долго бараниот клуч за ефективно губење на вишокот килограми можеби се наоѓа токму пред вашето лице.

Научниците сугерираат дека јадењето пред огледало може да помогне во започнувањето и одржувањето на здрав начин на исхрана. Тие откриле дека кај луѓето кои јадат нездрава храна, како на пример чоколадна торта, додека го гледаат сопствениот одраз во огледало таквата храна причинува помало задоволство и е помалку вкусна.

Експертите велат дека главната причина за ова лежи во фактот дека луѓето чувствуваат нелагодност кога се гледаат себеси како јадат нездрави гозби. Всушност на тој начин тие стануваат свесни дека треба да одберат да јадат поздрави варијанти на храна. Како резултат на ова, научиците сугерираат дека јадењето пред огледало  може да помогне во намалување на конзумирање на нездрава, брза храна. Научниците откриваат дека јадењето нездрава храна – вклучувајќи и чоколадна торта – пред огледало прави храната да биде „помалку вкусна“.

Една научна студија утврдила дека гледањето во огледало ја тера личноста да размислува за нејзините постапки во рамки на општествено прифатените начини на однесување. Поради ова, луѓето чувствуваат неладогност бидејќи се оддаваат на задоволството во храната наместо да јадат здрава храна. Истражувачите откриле дека вкусот на здравата храна останува ист без разлика дали е вклучено огледало или не.

Водечкиот научник, д-р Ата Џами од Универзитетот во Централна Флорида вели: „Погледот фрлен врз огледалото на луѓето им говори многу повеќе отколку само за нивниот надворешен изглед. Им помага објективно да се согледаат себеси и им помага да судат за себе и за сопствените однесувања на истиот начин на којшто им судат на другите.“

Научниците спровеле тест за вкус во кој биле вклучени 185 студенти од универзитетот. Студентите биле замолени да одберат помеѓу чоколадна торта и овошна салата. Следниот дел од тестирањето бил да го оценат вкусот на она што го одбрале во една соба со огледало или во соба без огледала. Оние кои ја одбрале чоколадната торта пријавиле дека таа е „помалку вкусна“ во собата со огледало, во споредба со оние кои ја изеле тортата во собата без огледала.

Од друга страна пак, присуството на огледалото немало никаков ефект врз вкусот на овошната салата. Било утврдено дека огледалата ги поттикнуваат учесниците да направат споредба и да ги споредат своите постапки со општествено прифатените рамки на однесување. Како таков, кога некој не одговара на тие зададени стандарди, тој не сака ниту да гледа во огледалото.

Во спротивно, чувството на нелагодност во врска со нивниот неуспех се зголемени и потенцирани. Токму затоа, присуството на огледало предизвикува дискомфорт и го намалува убавиот вкус на нездравата храна.

Но, ова се појавува во случаи само кога личноста сама си ја одбира храната која ја јаде.

Одбирајќи ја токму таа храна, тие се чувствуваат одговорни за самиот избор на храната. Како и да е, јадењето на здрава храна не предизвикува било каква нелагодност или дискомфорт.

Всушност огледалото не го менува вкусот на здравата храна. Затоа во трпезариските простории и во другите простории за јадење поставете огледала. На тој начин, додека јадете ќе имате можност да се набљудувате. Целта е да се развијат поздрави навики во јадењето.

Spirulina San Sebastian може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети… во дрогериите на ДМ-дрогерии, Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.
Или нарачајте ONLINE со кликнување на копчетo КУПИ ВЕДНАШ

Повелете со нарачка на 02 3218 821