Спирулина и нејзиниот широк спектар на хранливи состојки

Спирулината со својот состав и широк спектар од хранливи состојки ги воодушевува нутриционистите ширум светот.
Мајката природа во спирулината споила преку 4000 хранливи состојки од витално значење за човечкиот организам.

ПРОТЕИНИ И АМИНО-КИСЕЛИНИ
Спирулината содржи висококвалитетни растителни протеини (околу 63%) 3-4 пати повеќе од говедското месо и 5 пати повеќе од јајцата. Овие протеини се биолошки комплетни бидејќи ги содржат сите есенцијални и неесенцијални амино-киселини.

ВИТАМИНИ
Спирулината содржи целосен спектар на витамини во совршено избалансиран размер. Во големи количини содржи бета каротен (витамин А) – моќен антиоксиданс кој го има 25 пати повеќе отколку во морковите. Ги содржи сите Б витамини, а особено е богата со витаминот Б-12 кој го има повеќе од било која храна, витамините Б-1, Б-2 (рибофлавин), Б-3 (ниацин), Б-5, Б-6, Б-7 (бионтин), Б-9 (фолна киселина), како и витамините Ц и К.

МИНЕРАЛИ
Додека расте, спирулината ги апсорбира скоро сите минерали есенцијални за човечкиот организам. Особено е богата со железо кое го има 23 пати повеќе отколку во спанаќот, со калциум – 300% повеќе од млекото, а содржи и цинк, селен, магнезиум и фосфор.

ЕСЕНЦИЈАЛНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ
Спирулинатa ги соджи најпотребните Омега 3 и 6 есенцијални масни киселини, вклучувајќи ја и ГЛА (гама линолеинска киселина) која ја има во таа форма единствено во мајчиното млеко, која помага за развојот на доенчињата и ја подобрува работата на срцето.

ПИГМЕНТИ
Спирулината едноставно е виножито од природни пигменти кои помагаат за синтеза на ензими потребни за регулирање на метаболизмот. Најважен пигмент во спирулината е фикоцианинот кој го стимулира и зајакнува имуниот систем. Во изобилство го има и хлорофилот кој е одличен прочистувач на организмот и кој се нарекува “зелена крв“ заради сличниот состав со хемоглобинот од крвта.

КАРТЕНОИДИ
Спирулината содржи комплекс од алфа, бета и гама картеноиди – природни антиоксиданси кои работејќи во синергија пружаат моќна заштита на организмот.

ЕНЗИМИ
Спирулината содржи голем број на ензими меѓу кои и исклучително реткиот ензим СОД (супероксид димутаза).