Стоп за слабокрвноста со овој домашен 100% природен сок

Ако имате ниско ниво на железо во крвта и не сте обожавател на употребата на лекови или црвено месо, ви го препорачуваме овој едноставен и многу здрав пијалак.

За да се подготви ви е потребно:

  • 1 мала краставица
  • половина чаша грозје (било какво)
  • половина чаша свеж спанаќ
  • 2 киви
  • половина чаша вода

Состојките ставете ги во блендер и блендирајте додека смесата  целосно не се изедначи и да се претвори во мазна течност. Пијте само свежо на празен желудник.

Витаминот Ц кој се наоѓа во кивите помага во апсорпцијата на железото од спанаќот. Пијалокот е полн со антиоксиданси и растителни влакна па е  повеќекратно корисен и здрав за целиот организам. Пијалокот може да го пиете кога сакате и со неговата постојана консумација ќе ви помогне да го зголемите нивото на железо во крвта и да го зајакне имунитетот и енергијата на организмот .

Ако сте алергични или немате киви може да  користите како замена портокал.