Тајниот рецепт на најпосакуваните француски слатки – Макаронс колачиња

Состојки:

Смеса:

– 15гр. какао

– 100гр. мелени бадеми

– 50 гр. мелени лешници

-150гр. шеќер во прав

-50 гр. цврсто изматени белки

Фил:

-150гр. шеќер

-40гр. вода

-60гр. цврсто изматени белки

За филување:

-150 гр. крем од чоколадо и лешници

Подготовка:

Ситно смелете ги излупените бадеми и лешници, па убаво просејте ги, заедно со шеќерот во прав и какаото. Отстранете ги крупните трошки со просејување, да ви остане само ситен прав .

Додади ја оваа смеса на белките (неизматени) и измешајте ја со шпатула и ќе добиете прилично мазна смеса.

Додадете сируп од вода и шеќер додека не достигне температура од 118 ° C. Во меѓувреме, изматете ги до половина белките.

Со миксерот продолжете да мешате и да додавате во тенок прилив од готовиот сируп, внимавајќи притоа да го сипувате сирупот помеѓу маталките на миксерот и ѕидовите на садот во кој матите бидејќи ако сирупот ги погоди перките во движење би можел да предизвика сериозни изгореници. Продолжете да матите додека смесата да стане млака.

Измешајте ги внимателно двете смеси (мешавина од бадеми и лешници и сирупот) – се меша преклопувајќи со шпатула додека смесата не омекне и ја постигне густината на лава, тоа е кога ќе ја подигнете шпатулата, смесата паѓа од неа во густ млаз и многу брзо се претопува со остатокот смеса не оставајќи трага на врвот.

Наполнете ја вреќата за декорација со обичен, тркалезен отвор. Истискувајте купови на плех за печење обложен со хартија за печење или на силиконска облога . Не истискувајте премногу смеса бидејќи додатно ќе се прошири.

Оставете да се исуши 1/2 час до еден час (или дури и повеќе), а потоа се пече на 150 ° C за 10-15 минути.

Отстранување на готовите макаронс од подлогата задолжително само кога тие потполно ќе се оладат.

Поврзете ги две бисквити макаронс со малку крем.

Наполнетите макаронс ставете ги во херметички затворен сад во фрижидер.

Извадете ги на собна температура половина час пред сервирањето.

Покрај полнењето со нутела може да бидете креативни и да смилите друг сладок крем за полнење на овие преслатки француски колачиња.