Тост со топено чоколадо и шлаг крема … мммммммм

Потребни состојки за 1 тост:

2 парчиња леб (препорачливо бриош, заради слаткиот вкус)

2-3 лажици слатка павлака или изматен шлаг крем

3-4 коцки млечно или црно чоколадо

Подготовка:

Загрејте го тостерот на средна температура.

Размачкајте го изматениот шлаг на двете парчиња леб.

Распоредете го млечното чоколадо на парчето леб така што ќе го покриете секој дел.

Ставете ги парчињата леб едно врз друго и ставете го во тостер 3 минути, или се додека чоколадото не се стопи. Не го вадете од тостерот прерано, но и не чекајте тој да се разлее по целиот тостер.

Уживајте во вашиот чоколаден тост пред да сфатите дека некој веќе го „средил“.

13