Веге-пита со тиква

Тесто за пита

  • 250 гр брашно за колачи
  • 200 гр путер
  • 3 гр сол
  • 55 мл ладна вода

Тестото се прави на тој начин што најпрво во голем сад се меша брашното, солта и путерот.  Потоа сето тоа оставете го да се олади во фрижидер, а потоа се додава водата, се меша и се прави посакуваната форма во која сакаме да ни биде питата.

Фил

  • 600 гр пире од тиква
  • 2 јајца
  • 1 лажица шлаг
  • 200 гр шеќер
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1и пол лажичка цимет
  • 1и пол лажичка ѓумбир
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ¼ лажичка морско оревче
  • 3 шољи кондензирано млеко

Изматете ги сите состојки за филот и сипете го филот врз тестото. ставете ја питата да се пече на 250°C околу 15 минути, а за тоа време од остатоците од тестото можете да направите украсни форми и да ги наредите врз филот. потоа намалете ја температурата на 200°C и печете ја питата уште половина час, или додека филот не се стврдне.

Александра Малова