Вирусот „зависност од интернет“ се повеќе се шири

Интернетот е неопходен дел од нашите животи. Сите ја знаеме неговата употреба:

– наоѓаме корисни информации
– се користи во училиштата и факултетите
– потребен ни е на работа
– преку него се плаќаат сметки и се купува онлајн
– доаѓаме во допир со социјалните мрежи
– комуницираме со познаници и пријатели…

Меѓутоа факт е дека времето поминато пред компјутер не дели од реалноста, а се разбира дека тоа има негативно влијание врз приватниот живот, работата, односите со луѓето и пред се врз здравјето.

Времето кое го одделуваме од еден обичен и просечен ден во човечкиот живот за да се приклучиме кон интернетот целосно се поклопува со секој здив кој ни е потребен за да преживееме. Сега кога мрежниот пристап е овозможен на секој чекор лесно може да се каже дека живееме во глобалната ера на интернетот. Постојат различни видови на зависност кои ги предизвикува овој пронајдок – зависност од порнографија, коцкање преку интернет, игри, шопинг, блогови, комуницирање преку социјалните мрежи. Некој можеби ќе го нарече песимистички поглед кон опшествениот развиток на човештвото, но јас би рекла дека е само реално димензионирање на нештата.

Исто така, бројните информации може да предизвикаат преоптеретување и презафатеност, а постојаното проверување на пораки може да доведе до опсесивно-компулсивно нарушување.

Самото “закачување” на интернет претставува бегство од проблеми во реалниот живот и тенденција кон депресија. Прекуумереното “сурфање” може да има негативно влијание врз здравјето на луѓето. Физичките симптоми на зависност се болка во рацете и зглобовите, суви очи и заматен вид, главоболка, несоница и губење или добивање на висош килограми се реакции на човечкото битие кои не можат да се спречат.

Симптоми на зависност се различни за различни луѓе, бидејќи не постои временски период кој може да се оцени како премногу време потрошено на интернет. Постојат неколку предупредувачки знаци дека сте станале зависник од интернет.

 1. Времето поминато онлајн

Губење на претставата за времето поминато на интернет покажува дека сте претерале со неговото користење.

Понекогаш се случува да се приклучите на интернет за да проверете само една информација, а по неколку часа станувате свесни за тоа дека не сте го завршиле тоа што требало.

 2. Занемарување на службената должност
Занемарување на домашните и бизнис обврските во замена за повеќе поминато време пред компјутер покажува залудно трошење време и необјективно рангирање на работите што ни го преокупираат животот.

Часовите поминати на мрежата предизвикуваат привидна состојба на немање доволно време за јадење и спиење.

Корисниците доаѓаат на работа уморни и неспособни да ги завршат сите работни обврски.

3. Социјална изолација
Отуѓувањето од семејството и пријателите е еден од знаците на зависност.

Ширењето на пријателства на интернет е многу полесно и побрзо отколку во реалниот живот. Секогаш можете да запознаеш нови луѓе, а и да останеш во континуиран контакт со старите познаници. Зависниците често се чувствуваат како отфрлени и мислат дека никој не ги разбира добро како онлајн пријателите или пак им е поинтересно да играат игри, а не да се дружат со луѓе од реалниот живот.

 4. Вина

Чувството на вина поради преголемото количество залудно потрошено време е неизбежен фактор. Зависниците често кријат колку време трошат на интернет.

Зависноста од интернетот често трае неколку месеци, меѓутоа потоа постепено се намалува времето поминато во виртуелниот свет.

Лечењето е тешко бидејќи комплетена апстиненција не е можна, но постојат чекори кои можат да помогнат во постепено одвикнување. Прво, потребно е да се признае проблемот и утврдат можните причини кои предизвикале зависност.

Депресијата, стресот и проблемите, исто така, може да доведат до криење зад екранот.

За борба против зависноста треба да се побара поддршка од блиски луѓе и околината. Колку повеќе имате достапност со реалниот живот, толку помалку ќе имате потреба од интернет. Затворените и срамежливите луѓе може да побараат помош од групи за поддршка со слични интереси.

Хоби како што се спортот и поминување на времето во природата може да помогне во надминување на зависноста од интернет.