Високиот крвен притисок може да предизвика мозочен удар!!!

Начинот на живот игра важна улога во лекувањето на вашиот висок крвен притисок. Ако успешно го контролирате крвниот притисок со здрав начин на живот, може да го избегнете, одложувате или да ја намалите потребата од лекување. Почнете со овие неколку совети за здрав и долг живот.

Внимавајте на тежината
Крвниот притисок често се зголемува со зголемување на телесната тежина. Со прекумерна тежина настанува нарушено дишење додека спиете (апнеја при спиење), што дополнително го зголемува крвниот притисок. Губењето на тежината е една од најефективните промени во животниот стил за контрола на крвниот притисок. Губењето само 4,5 килограми може да помогне во намалувањето на крвниот притисок.

Интересни и корисни факти: Мажите кои имаа 102 см обем околу половината се изложени на ризик од висок крвен притисок. Жените имаат ризик доколку струкот е поголем од 89 сантиметри.

Редовна физичка активност
Редовна физичка активност – најмалку 30 минути, 3-4 пати во неделата – може да го намали крвниот притисок од 4 до 9 (mm Hg). Важно е да бидете упорни и редовни, бидејќи ако престанете да вежбате, вашиот крвен притисок може повторно да се зголеми. Најдобрите видови на вежбање за намалување на крвниот притисок вклучуваат одење, џогирање, возење велосипед, пливање или танцување.

Здрава храна
Јадењето исхрана која е богата со цели зрна, овошје, зеленчук и нискомасни млечни производи може да го намали крвниот притисок до 14 mm Hg. Овој план за јадење е познат како диетални пристапи за стопирање на хипертензијата (DASH). Калиумот може да ги намали ефектите на натриумот врз крвниот притисок. Најдобар извор на калиум е храната, како што се овошјето и зеленчукот.

Намалување на натриум во вашата исхрана
Дури и мало намалување на натриумот во исхраната може да го намали крвниот притисок од 2 до 8 mm Hg. Помал внес на натриум до 1500 мг на ден е соодветен за лица чувствителни на сол.

Ограничете го количеството алкохол
Алкохолот може да биде и добар и лош за вашето здравје. Во мали количини, тој потенцијално може да го намали крвниот притисок од 2 до 4 mm Hg. Препорачана доза до 65 се 2 пијалоци дневно, а над 65 години, 1 пијалок во текот на денот.

Престанете со пушење цигари
Секоја цигара го зголемува крвниот притисок многу минути по завршувањето. Откажувањето од пушење помага да се врати крвниот притисок во нормала. Луѓето кои се откажуваат од пушењето, без оглед на возраста, имаат подолг живот.

Намалете го стресот
Хроничниот стрес е важен фактор за висок крвен притисок. Повремениот стрес, исто така, може да придонесе за висок крвен притисок ако реагирате на стрес со јадење нездрава храна, пиење алкохол или пушење.

Следете го вашиот крвен притисок дома и редовно одете на лекар
Редовно мерење крвен притисок е една од најважните навики, така може да забележите која промена најмногу ви одговара и го намалувате ризикот од хипертензија. Редовните контроли се исто така клучни за контролирање на крвниот притисок. Ако вашиот крвен притисок е под контрола, можеби ќе треба да го посетите вашиот лекар само на секои 6 до 12 месеци, во зависност од други состојби што можеби ги имате.