Здрави, вкусни и диетални грицки

Ако сакате да останете фит и да се ослободите од вишокот килограми, потребно е нездравите грицки да ги замените со здрави. Без разлика дали сте дома, на работа или факултет, не посегнувајте по чипс, туку однапред подгответе си здрави оброци.
 
Квалитетниот избор на производи ќе ви даде многу енергија. Овие седум грицки секогаш нека ви се при рака:
 
 
1. Бадеми и урми
Мешавината од бадеми и урми е еден од наједноставните меѓу оброци кој можете да го чувате во торба или на работното место. Бадемите ќе ви дадат доволно протеини и здрави маснотии, а урмите ќе ви ги задоволат потребите од шеќер. И покрај тоа што се многу здрави овие производи имаат многу калории, па затоа внимавајте да не претерате.
 
2. Овесни снегулки
Еден филџан едноставен појадок богат со влакна ќе ги задоволи потребите и во претпладневните часови. За уште поздрав појадок, додадете малку цимет и здробени ореви.
 
3. Туна
Ако немате време секој ден да ги испланирате оброците и меѓу оброците , секогаш имајте резерва од туна во конзерва. Така секогаш ќе имате готов оброк богат со омега -3 масни киселини, протеини и здрави масти.
 
4. Зеленчук и хумус
Зеленчукот е најздравиот и најдобриот избор за грицкање, а хумусот ќе послужи како одличен зачин и извор на протеини. Одлучете се за брокула, карфиол и морков бидејќи имаат малку калории.
 
5. Смокви и темно чоколадо
Дали ви се јаде нешто благо? Комбинацијата од смокви и чоколадо сигурно ќе ги задоволи вашите потреби! Смоквите се богати со железо, антиоксиданси и калиум, а од чоколадите секогаш одлучете се за оние кои имаат барем 70% какао.
 
6. Грчки јогурт и зрнесто овошје
Јогуртот е богат со протеини, а за подобар вкус можете да додадете зрнесто овошје.
Најдобар избор се малините бидејќи имаат повеќе влакна од останатите овошја.
 
7. Свежо подготвен пијалак
Овој пијалак е одличен за ужина. Најдобро е да го направите наутро, а потоа цел ден можете да го чувате во фрижидер.