Жен – шен, Лек за целото тело

Жен-шен е еден од најпознатите лековити билки во светот која се користела и пред повеќе од 5000 години.Во планините на Манџурија, Кина, жен-шен најчесто се користел за подмладување и за зголемување на енергијата. Тој се сметал за симбол на божествена хармонија поради неговата човечка форма. Една кинеска легенда наведува дека раните императори го користеле како лек за сите болести и не само што го конзумирале туку и го користеле за изработка на најралзични производи за тело. Во третиот век од нашата ера, побарувачката за жен-шен толку многу се се зголемила, што започнала и меѓународната трговија на оваа билка и во останатите делови во светот.

Жен-шен доаѓа од кинескиот поимот “rénshen”, што буквално значи “човекoлики корен”. Женшенот се смета дека е чудотворен лек кој го лекува целото тело особено затоа што неговиот облик наликува на човек. Современите научни истражувања докажале дека навистина коренот на жен-шен делува поволно на целото тело зголемувајќи ги физичките и психичките способности на човекот.

Дамнешните индијанци го користеле коренот од жен-шен како стимулант, како лек за неплодност, треска нои за многу други болести. Денес таа привилиегија ја имаат милиони луѓекои секојдневно уживаат во благодетите на жен-шен.
Денес жен-шен се користи за подобрување на концентрацијата, помнењето, за намалување на стресот, но и за зголемување на физичката издржливост. Тој исто така се користи и при депресија, анксиозност, умор, исцрпеност, но и како природен лек задијабет тип 2. Исто така, жен-шенот е познат по тоа што го зајакнува имунитетот, се бори против воспаленијата и инфекциите предизвикани од најралзичнибактерии и вируси, а особено е погоден при настинки, грип но и кај посериозни заболувања како ХОБ, цистичнафиброза, рета вирусот итн.
Зажен-шенот да го достигне својот лековит потенцијал му се потребни дури шест години и тогаш станува спремен за берба. Поради ова, денес е заштитен со закон и може да се одгледува само на специјализирани фарми.

10 ДОКАЖАНИ БЕНЕФИТИ НА ЖЕН-ШЕН

1. ГО ПОДОБРУВА РАСПОЛОЖЕНИЕТО И ГО НАМАЛУВА СТРЕСОТ
Жен-шенот се користи за третирање на стрес-индуцирани нарушувања што го прави моќен лек за хроничен стрес. Жен-шенот ја зголемува физичката издржливост со што претставува природен лек за исцрпеност и замор со што го подобрува расположението.

2. JА ЗГОЛЕМУВА ЕНЕРГИЈАТА
Женшенонот ја зголемува енергијата и ја стимулира физичката и менталната активност кај луѓето кои се чувствуваат уморно и исцрпено. Исто така жен-шенот се користи и како алернативен третманза пациентите болни од рак со цел да го намалат заморот и исцрпеноста кои се предизвикани од хемотерапијата.

3. ГО ЗГОЛЕМУВА ИМУНИТЕТОТ И ДЕЛУВА АНТИВОСПАЛИТЕЛНО
Коренот од женшенво својот состав имагинсенозидикои дејствуваат анти-инфламаторно и се борат против бактериите и вирусите кои предизвикуваат инфекции и други заболувања. Друга придобивка од женшенот е неговата способност за зајакнување на имунолошкиот систем – помагајќи му на телото да се борат надворешните инфекции и болести. Коренот, стеблото и листови од жен-шен се користат за одржување на хомеостазата на имунолошкиот систем и за подобрување на отпорност на болести и инфекции. Жен-шен допринесува да се намали бројот на бактериите присутни во слезината, бубрезите и крвта. Извештаите покажуваат дека жен-шен, исто така, има инхибиторен ефект врз растот на многу вируси, вклучувајќи грип, ХИВ и ротавирус.

4. ГО ПОДОБРУВА ПОМНЕЊЕТО И КОНЦЕНТРАЦИЈАТА
Женшенот ја подобрува работата на мозокот, го подобрува помнењето и ја зголемува менталната способност дури и кај пациенти болни од Алцхајмер.

zenshen-slajder-svetol

5. ЈА ПОДОБРУВА РАБОТАТА НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ КАЈ ПУШАЧИ
Третманот со жен-шен значително го намалува бројот на бактериите во белите дробови, го спречува развојот на цистичнатафиброза и други белодробни заболувања.
Уште една значајна придобивка од жен-шен е неговата способност за лекување на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), која се карактеризира како хронично слаб проток на кислород, кој обично се влошува со текот на времето, особено кај пушачите.

6. ДЕЈСТВУВА КАКО ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ДИЈАБЕТ ТИП 2, ГО РЕГУЛИРА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА
Жен-шенот го намалува нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2, и делува како природен лек за дијабетес. Луѓето кои конзумиралеженшен пред или заедно со високо зашеќерен пијалок имале помало зголемување на нивото на гликоза во крвта. Жен-шен предизвикува намалување на нивото на гликоза во крвта еден час по потрошувачка на гликоза,со што се потврдува дека жен-шен поседува својства кои го регулрираат нивото на шеќерот во крвта.

7. ДЕЛУВА АНТИКАНЦЕРОГЕНО, ГО ЗАПИРА РАСТОТ НА ТУМОРИТЕ
Коренот од жен-шен кои имаат антиканцерогени својства. Вандербилт-Инграм Центарот за Рак откриле дека Женшен го подобрува квалитетот на животот по дијагнозата на рак на дојка и ги зголемил шансите за преживување.

8. ГО НАМАЛУВА ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК
Жен-шенот е полн со антиоксиданси кои ја подобруваат работатат на срцето, го намалуваат лошиот холестерол и го намалуваат високиот крвен притисок.

9. ПОМАГА ПРИ НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА
Друг изненадувачки корист жен-шен е во неговата способност да делува како природен инхибитор на апетитот. Тој, исто така го забрзуваа метаболизмот и помага на телото побрзо да ги согорува мастите.

10. ЈА ЗГОЛЕМУВА ПЛОДНОСТА
Жен-шен ја зголемува плодноста и ја подобрува работата на репродуктивниот систем кај човекот.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ЖЕН-ШЕН

• Жен-шен првично се користел како хербален лек во античка Кина, постојат дури и пишани записи за неговите својства кои датираат од околу 100 пред нашата ера.
• Најголемиот производител на жен-шен а Кина најголемиот потрошувач.
• Женшенот кој се одгледува во Кореја се дели на три вида, во зависност од тоа како е обработен.
• Луѓето сметаат дека староста на коренот од жен-шен е најважна, и поради тоа во 1976 година е продаден 400 годишен корен од Манџуриски женшен по цена од 10.000 $ за 28 грама.